Сестрите близначки Маријана и Мишела на Националното првенство на Австралија во карате ја потврдија својата доминација во кати. Како и минатата така и годинава ги освоија првите две места до 21 година но и во сениорска конкуренција.
Маријана беше поуспешна од Мишела во двете финалиња и ги освои златните медали. Мишела мораше годинава да се задовоили со сребрените медали.

Стефани Димовска во кати за деца до 13 години повторно потврди дека е најдобра во Австралија освојувајќи го златниот медал.

Макајла Тасевска освои три медали на оваа првенство. Сребро во кати до 13 години, бронзен медал во борби до 47 кг и златен медал во борби екипно за Викторија.

Тео Цветковски во борби во јуниорска конкуренција го освои третото место и бронзениот медал.

На оваа национално првенство во карате кое се одржа во Квинсланд медал освои и Филип Јовановски. Тој во категорија за деца до 10 години во кати го освои второто место.
