Share
Милчо Јованоски - новинар на годината за 2017 во Македонија
Европскиот институт за Менаџмент, Право и Дипломатија од Скопје традиционалната награда за најдобар новинар за 2017 година му ја додели на новинарот Милчо Јованоски од Охрид. Познатото новинарско "перо" долги години работеше како новинар во радио Охрид а во еден период беше и негов директор. Во моментов е сопственик на популарниот и ценет портал Публицитет.мк. Зад неговото име остануваат безброј текстови на актуелни општествено-политички теми но и безброј интервјуа и разговри од Охрид и околината. Господинот Милчо Јованоски исто така е и долгогодишен редовен соработник и на програмата на Македонски јазик на СБС Радио. Честитки од СБС Радио на македонски јазик и успех во понатамошната работа.

Source: Image suplied
Published
Updated
By Vase Kocev