Никола Стојчевски 14-годишен виртуоз на кларинет

Никола Стојчевски вежба на кларинет веќе четири години. Никола, исто така, оди на музичко училиште за да му се исполни желбата еден ден да стане учител по музика но и да ја продолжи традицијата на македонската музика во Австралија. Неговата дарба и талент за свирење на кларинет доаѓа од неговиот татко.

Nikola Stojcevski

Source: SBS

На Македонскиот културен фестивал во Вилијамстаун пред присутните посетители во културно забавниот дел се претстави и младиот Никола Стојчевски со изведба на неколку ора на кларинет.

На неговата изведба никој не остана рамнодушен и сите прeпознаа иден талент на кларинет кој ќе продолжи да ги негува традицоналните македонски песни и ора.

За себе вели:

"Имам 14 години и ученик сум во Еммануел колеџ во Поинт Кук. Од пред 4 години започнав да вежбам на кларинет. Посетувам и музичко училиште во Хоторн. Во тајните на овој прекрасен музички инструмент ме упати мојот татко Горан кој исто така свири на кларинет и е моја инспирација.

Во музичкото училиште вежбам исклучиво класична музика но во слободното време ги вежбам и македонските песни и ора. Сакам и овде во Австралија да се слушат, да не се заборават, да продолжам да го негувам макеоднскиот мелос.

Во иднина сакам профисионално да се занимавам со музика и еден ден да станам учител по музика и тајните на кларинетот да им ги пренесувам на идните генерации" - вели Никола Стојчевски


Share

1 min read

Published

By Vase Kocev




Share this with family and friends


Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Watch now