Од вторник, 18 јуни 2019, гледачите кои моментно ја гледаат програмата на SBS VICELAND на канал 32 ќе треба да се префрлат на канал 31 за да продолжат да ја гледаат.
Оваа измена е дел од подготовките за започнување на емитувањето на SBS World Movies на канал 32. Програмата SBS World Movies ќе им биде достапна на сите Австралијци, бесплатно и во висока резолуција (HD), на канал 32 од 1 јули 2019.
Што е SBS World Movies?
SBS World Movies е редовна 24-часовна програма која ќе започне со емитување на канал 32 од 1 јули 2019. На SBS World Movies ќе се прикажуваат најдобрите филмови од цел свет, следејќи ја 25-годишната традиција на SBS во прикажување на најразлични меѓународни филмови на австралиските гледачи. На овој канал ќе се прикажуваат од најразлични независно произведени филмови од Европа до најдобрите филмови од боливудската кинематографија, романтични комедии, аниме и многу повеќе. SBS World Movies ќе биде дом на наградувани омилени филмови и нови популарни филмови, од кои околу половина ќе бидат на други јазици.
Што ќе се случи со SBS VICELAND на канал 32?
Програмата на SBS VICELAND претходно можеше да се гледа на канал 32 во стандардна резолуција (SD) и на канал 31 во висока резолуција (HD). Од вторник, 18 јуни 2019, SBS VICELAND повеќе нема да се емитува на канал 32, но ќе продолжи да се емитува на канал 31. Гледачите кои гледаат SBS VICELAND на канал 32 ќе треба да се префрлат на канал 31 за да продолжат да ја гледаат оваа програма, или да продолжат да гледаат SBS VICELAND на SBS On Demand.
Од понеделеник, 1 јули 2019, канал 32 (претходно SBS VICELAND SD) ќе стане SBS World Movies.
Дали SBS ќе укине било кои од каналите или услугите?
SBS нема да престане со доставувањето на било кои услуги или канали – им нудиме на Австралијците повеќе избор со воведувањето на SBS World Movies, бесплатно на канал 32, додека продолжуваме да ги нудиме постоечките услуги.
Како можам да се приклучам наSBS VICELAND?
Програмата на SBS VICELAND ќе продолжи да се емитува на канал 31 како и вообичаено, а програмата исто така ќе може да се гледа на SBS On Demand.
Каналот 31 е канал на кој програмата се емитува во висока резолуција и затоа некои гледачи ќе треба да ја сменат фреквенцијата на нивните телевизорски приемници за да можат да ја следат програмата на каналот. Ако вашиот телевизорски приемник не е HD MPEG-4 компатибилен, сепак ќе можете да ја гледате програмата на SBS VICELAND на SBS On Demand.
Како можам да ја сменам фреквенцијата на мојот телевизор ски приемник за да можам да гледам SBS World Movies?
Ако треба да ја смените фреквенцијата на вашиот телевизорски приемник, следат основни упатства кои не се однесуваат на ниту еден посебен телевизиски приемник, модел или марка. Описите и назнаките во менито може да се различни во зависност од опремата која ја имате.
1. Притиснете го копчето “menu” ("мени") или “home” ("дома") на вашиот далински управувач за да се прикаже контролниот панел на уредот.
2. Најдете ги опциите “digital auto tuning” ("автомастко дигитално менување на фреквенција") или “digital channel search” ("пребарување на дигитални канали").
3. Изберете “start” ("започни") или “search” ("пребарувај"). Фреквенцијата ќе се промени само за неколку минути.
Ако не сте сигурни што да правите, проверете што треба да направите во прирачникот за корисници или јавете се кај производителот на вашиот телевизиски приемник.
Ако ви е потребна понатамошна помош, можете исто така да телефонирате во SBS on 1800 500 727 во текот на работното време.
