SKIP TO MAIN CONTENT

Признанија и награди за учениците по македонски во НЈВ

Повеќе од 400 посетители, родители и ученици кои го изучуваат македонскиот јазик во етничките и редовните основни училишта, како и во саботните средни училишта присуствуваа на величествената свеченост во организација на Македонскиот просветно училишен одбор за Нов Јужен Велс. Свеченоста се одржа по повод чествувањето на славните просветители, светите браќа Кирил и Методиј во храмот што го носи нивното име, црквата “ Св. Кирил и Методиј“ во Сиднеј

Наградени ученици кои го изучуваат македонскиот јазик
наградени ученици кои го изучуваат македонскиот јазик во НЈВ Source: Ж.Михајлова

4 min read

Published

Updated

By Радица Бојковска-Димитровска


Skip to article content
Грета Станоевска, вршител на должноста амбасадор на РМ во Австралија и Жаклина Михајлова, претседателка на МПУ Одбор за НЈВ
Грета Станоевска, вршител на должноста амбасадор на РМ во Австралија и Жаклина Михајлова, претседателка на МПУ Одбор за НЈВ Source: Ж.Михајлова

На свеченоста, гостите ги поздрави г-ѓа Грета Станоевска, вршител на должноста амбасадор на Република Македонија во Австралија, која истакна дека „со изучувањето на македонскиот јазик во Австралија се зачувува македонската култура и традиција, а тоа е и мотив, кој овозможува да не се заборават корените и врските со Република Македонија.“  

Г-ѓа Луција Џонс со наставниците по македонски
Луција Џонс (четврта од десно) со наставниците по македонски и Џош Шерман од Австралиско-македонскиот совет за НЈВ Source: Ж.Михајлова

Г-ѓа Луција Џонс, потпретседател на Федерацијата за јазици на зедницата во НЈВ, ги поздрави присутните и нагласи дека:„ Македонскиот просветно училишен одбор е значајна општествена институција во НЈВ, која динамично, активно и високо квалитетно ја организира наставата по македонски јазик во сите училишта. Напорната работа на учителките и волонтерите, постојано е пример за другите заедници во Нов Јужен Велс. А македонскиот јазик е јазик основа за многу јазици во светот.“

 За делото и значењето на светите браќа Кирил и Методиј зборуваше претседателката  на Македонскиот просветно училишен одбор , Госпоѓата Жаклина Михајлова, која меѓу другото рече:

Денес , кога од сите страни маккедонскиот јазик го потценуваат, а нас Македонците нѐ омаловажуваат, нѐ множат со нула, безобразно ни го крадат нашето и не учат дека сме ништожни, денеска кога, заради туѓи интереси нашите политичари го крадат нашето, должни сме, каде и да сме, колку и да сме, достојно да ја зачуваме вистината и да не дозволиме да нѐ снема. Денеска , повеќе од било кога ни се потребни мисионери, мудри филозофи и научници како Св. Кирил и Методиј.“

Благоја Јосифовски, водител на програмата истакна:

"Веќе 40 години, благодарение на Министерството за образование на НЈВ, кое овозможува македонскиот јазик да се изучува во етничките, редовните и саботните средношколски центри и на вложениот труд на сите членови на МПУО, јас, некогашен ученик во тие училишта, денеска стојам, рамо до рамо со моите први учителки, стојам пред вас како секретар на МПУО и како учител кој ја учи денешната генерација ученици по македонски јазик. Користете го македонскиот јазик што повеќе во вашите семејства.Приликите што ќе ви се отворат преку мулти-лингвизмот во вашите кариери се непроценливи, зашто живеете во свет кој е толку техннолошки и културно поврзан, толку зависен од познавањето на повеќе јазици".
Марија Грозданова
Наградената ученичка Марија Грозданова со Џошуа Шерман од Австралиско-македонскиот совет за НЈВ и г-ѓа Жаклина Михајлова Source: Ж.Михајлова

Марија Грозданова беше прогласена за најдобра ученичка која на матурските испити освои 100 поени и со тоа го зазеде првото место по изучувањето на македонскиот јазик во НЈВ и Австралија. Наградата и беше врачена од  г-дин Џошуа Шерман од Австралиско-македонскиот совет за НЈВ. Марија исто така  имаше над 90 поени во шест други наставни предмети за што доби награда и од премиерката на Нов Јужен Велс, г-ѓа Гледис Береџиклиан.

Потоа  на  заслужните учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во Нов Јужен Велс,од сите редовни и етнички основни и средни училишта им беа доделени Признанија и Награди.

Специјални благодарници им беа врачени и на активисти и доброволци кои го помагаат изучувањето на македонскиот јазик.

              

Добитници на Признанија за изучување на македонскиот јазик во Нов Јужен Велс за 2018 година:

Матеа Димовска, Клаудија Ристеска, Изабела Божиновска, Саша Шоповска - Хау, Кате Којдановска, Емилија Петреска, Ева Стојановска, Дејан Константин, Катерина  Дунимаглоска, Емили Колароска, Изабела Лушиновска,Стефан Котевски, Никола Кочанковски, Натали Ристевска, Антонио Петковски, Ѓорѓи  Ферманов, Симона Ѓергис, Дилан Марковски,Оливија Дак, Ајлин Дак, Џејми Дак, Ема Симоновска,Џеј Симоновски, Александар Тасевски, Лука Десков, Петар Десков, Ѓорѓија Трајчевска,Грејс  Трајчевска,Едвард Вилкенс, Софија Петровска, Оливија Наумоска, Симона Петреска, Аријана Наумоска, Антони Митрески – Димовски,Катрина Трајчевска,Сиена Петреска, Верица  Миновска,Тијана Паревска,Емилија Гашоска,Емили Миленковска,Лара Марковска,Виолета Шопова, Анастасија Василевска,Филип Апостоловски,Сара  Михајловска,Сандра  Миткова, Анамари Гурабиовска, Томас  Николоски,Томас  Марковски, Марија Треноска, Лора  Стојановска, Ивана Велевска и Ангела Јанкуловска

 Наградени учителки  за 2018 година

Жаклина Михајлова, Благојче Јосифовски, Лидија Славеска ,Сузана  Стојановска, Александра Кузмановска, Наташа Котевска, Дијана Јовчевска, Мери Петковска, Силвана  Трајковска, Весна Трајковска –Ѓергис, Елизабета  Хаџиевска,  Виолета Тодоровска, Драгица Митева,ЛилјанаСпироска, Емилија Жупаноска,Трајана Стојановска, Цвета Чумковска, Зоранчо  Маркоски, Дарко  Левковски,Билјана  Божиноска,Благојче Јосифовски,  Јадранка  Димитрова, Зора  Јанева, Сузана  Исајлова, Славица  Ристеска

Наградени личности кои го промовираат македонскиот јазик – 2018 година

Алберт Вела, Луција Таварес- Џонс, Тоде  Кабровски ,Кире Пашовски, Катрин Чапел, Ангела Лирис, Александра Ристевска, Велибор Танаскоски,Цвета Дак, Кире  Простиженовски, Ник Митревски, Магдалена Велевска, Доне Кочанковски, Вики Бошевска,Елизабета Ферманова, Гордана Клисарова,Тина Попоска,Сандра Манчини Димовска,Лидија Митреска,Билјана Јуруковска,Гордана Цвејоска Стеванс,Вера Ѓеоргиевска,Поп Наум Деспотоски, Поп Игор  Младеновски, Поп  Владо Недески, Управата на МПЦ “ Света Петка“ Рокдаел, СБС Радио -  Радица  Бојковска-Димитровска, Менче Манева,Цане  Ристески ,Стојан Трајковски,Зара Јошевска- Travelworld Wollongong,Carlton Public School,Јове Стојановски,Македонски Телефонски Именик,Елизабета Стојановска, Иван Трпоски, Елизабет  Цесарски, Драган  Димитровски(МакВидео), Киро Илиески, Бранко Наумовски, Македонска детска градинка “ИЛИНДЕН“, КУД „Илинден“,Пецо Наумовски,Џошуа Шерман,Билјана Кузмановска,Вики Крстевска,Емилија   Гошаревска,Црквата Свети Никола- Кабрамата

 

 

 


Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now