SKIP TO MAIN CONTENT

Протестен собир на Македонците во Канбера, Австралија за зачувување на уставното име на Република Македонија

“Денеска сме собрани овде,пред Амбасадата на Република Македонија во Канбера, Австралија, за да го покажеме нашето заедништво и единство, нашата цврстина како Македонци, со единствена цел- да ги промовираме интересите на Македонците, да се изјасниме за нашите човекови права, овде сме за да бидеме чуени, да се чуе нашиот глас!“, истакнаа водителите на програмата Стивен Каранфиловски и Жаклина Михајлова.

Macedonians protest in Canberra
'We are Macedonia', protest in Canberra against name negotiating Source: Z.Mihajlova

2 min read

Published

Source: SBS


Skip to article content

Повеќе илјади претставници на македонските заедници од Канбера, Квинбијан, Сиднеј, Мелбурн, Перт, Волонгонг, Њукастел, Аделаид и од други градови во Австралија одржаа протестен собир пред амбасадата на РМ во Канбера на кој изразија загриженост и револт од, како што посочија, разнебитувањето на Македонија, македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

 

Од собирот беше испратена Декларација до Претседателот на Република Македонија, до пратениците во Парламентот во Македонија и до Владата на Република Македонија. Преставници на македонската заедница на амбасадорот на РМ во Австралија, г-динот Веле Трпевски му ја предадоа Декларацијата,која тој, официјално, по  дипломатски пат ќе ја проследи во Македонија.

Во Декларацијата на македонската заедница од Австралија, детално беа поставени барања до Претседателот, Собранието и Владата на РМ, за безусловно прекинување на разговорите и преговорите за името на државата, за отфрлање на законот за употреба на јазиците, со кој што се редефинира унитарноста и државноста на Македонија, за ослободување од затвор и притвор на сите осудени од случувањата на 27 април 2017 како и укинување на притворот за Едмонд Темелко, градоначалник на Општина Пустец. Македонците  од Австралија исто така побараа македонските епископи да го повлечат барањето за прифаќање на Бугарската црква за мајка црква како неканонско и анти-историско.

„ Ние, Македонците во Австралија, ќе ги користиме сите дозволиви средства, секогаш, секаде и пред секого, за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!“ , потенцираа Македонците во Декларацијата.

“ЕУ и Нато не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата“,порачаа од говорницата на протестниот собир Стивен Каранфиловски, Жаклина Михајлова, Елизабета Богдановска, Петре Крстевски, Сузана Митева, Жарко Петрески и Роза Томеска.


Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now