Watch FIFA World Cup 2026™ LIVE, FREE and EXCLUSIVE
A woman wearing blue glasses and a denim jacket is sitting in a studio.
A woman wearing blue glasses and a denim jacket is sitting in a studio.

Obituary

Рода Робертс АО: Културoлошкиот воин кој ја промени нацијата

Рода Робертс беше новинарка, продуцентка, водителка, актерка и уметничка директорка која ги трансформираше медиумските, сценските и креативните уметности.

Published

By John-Paul Janke, Cameron Carr
Source: SBS
Image: Rhoda Roberts received an Order of Australia in 2016 for distinguished service to the performing arts. (SBS)

Земајќи ги предвид културните протоколите на домородните народи, SBS/NITV доби дозвола да го користи и репродуцира името, гласот и сликата на Рода.

Тоа го правиме во согласност со нејзините желби.

Исто така, продолжуваме да се консултираме со нејзиното семејство и заедницата.

Рода Робертс АО, пионерка на Првите Hации и икона во медиумскиот, сценскиот и креативниот сектор на уметностите, почина на 66-годишна возраст.

Нејзината кратка битка со многу ретка форма на рак на јајниците заврши во сабота попладне, во нејзината земја, опкружена со семејството.

Рода Робертс, припадничка на Виџабал Вијбал од народот Бaнџаланг во северниот дел на Нов Јужен Велс, даде огромен придонес во застапувањето и прикажувањето на домородната култура, музика, уметност, приказни, историја и јазик низ целата земја и светот.

Во сценските уметности, таа помогна во редефинирањето на пејзажот, создавајќи и настапувајќи во пресвртници како Radiance (1993) - репер за современиот т.н. "Црн театар".

Како дефинирачки глас на нејзината генерација, креативната брилијантност на Рода исто така блескаше на некои од најголемите сцени во светот, обликувајќи го начинот на кој домородната култура се споделуваше со националната и меѓународната публика.

Од нејзиното водство како креативна директорка на "Awakening" - домородниот сегмент во церемонијата на отворањето на Олимписките Игри во Сиднеј 2000 - до нејзината работа на Светското Првенство во рагби 2003 година, "Vivid Sydney", фестивалот "Гарма", церемонијата на отворање на Светското Првенство за жени на ФИФА 2023 година, фестивалот "Parrtjima" во Алис Спрингс - нејзината визија трансформираше големи културни моменти.

 Таа доби Орден на Австралија во 2016 година за истакната служба во сценските уметности, лидерството, застапувањето и промовирањето на современата домородна култура.

Робертс, исто така, беше инаугуративен старешина во резиденција во SBS и NITV од 2021 година, истата година кога беше назначена за консултант на Првите Нации во Националниот институт за драмска уметност (NIDA).

 Таа, исто така, беше член на одборот на Indigenous Tourism Australia, Playwriting Australia, NSW Anti-Discrimination Board, Actors Equity, National Aboriginal and Islander Skills Development Association (NAISDA),

NSW Australia Day council, Wantok Music, Darling Harbour Authority, Yothu Yindi Foundation Garma Festival Board и Indigenous Tourism Australia.

Во 2020 година, таа беше назначена во Board of Screenworks  - непрофитна организација посветена на поддршка и овластување на креативците и членовите на сценските екипи низ регионална Австралија.

Во 2022 година, таа беше ангажирана од Voyages Indigenous Tourism како консултант за новата Галерија на Централна Австралија (GOCA) во одморалиштето Аyers Rock Resort и Галеријата Mossman Gorge Cultural Centre во Северен Квинсленд.

A photograph of a father and his daughter, posing and smiling.
A young Rhoda Roberts and her father, Pastor Frank Roberts. Source: Supplied

Оваа улога ѝ помогна во насочувањето на консултациите помеѓу Anangu и Voyages for Wintjiri Wiru, спектакуларно шоу, прво од таков вид во светот, со дрон, звук и светлина на Улуру.

Во јуни 2024 година, таа беше уметничка директорка на австралиската делегација за Фестивалот на уметност и култура на Пацификот на Хаваи, предводејќи 70 уметници и изведувачи од Првите Нации.

Претседателот на Одборот на SBS, д-р Николас Папас АМ, оддаде почит на Робертс за нејзиниот доживотен придонес.

"Рода Робертс водеше со смело, визионерско лидерство, убедување и длабоко чувство за културно управување што остави траен белег во креативниот и културниот живот на Австралија. Нејзиниот придонес постави репер заснован на културата, интегритетот и целта“, рече тој.

"Таа ја зајакна врската помеѓу културите на Првите Нации и современата мултикултурна Австралија и секогаш ќе има посебно место во SBS.“

"Таа го прошири она што беше можно во австралиските медиуми, а нејзиното влијание ќе продолжи да ја води мрежата на SBS и поширокиот уметнички и медиумски сектор во годините што доаѓаат.“

Вршителката на должноста генерален директор на SBS, Џејн Палфриман, ја истакна великодушноста на Робертс во споделувањето на приказните на Првите Нации и создавањето патеки за идните генерации.

"Рода беше вистински пионер и лидер на толку многу новини во нашата индустрија, играјќи трансформативна улога во претставувањето на Абориџините и жителите на островите од Торес Стрејт низ целиот австралиски културен пејзаж.“

"Во SBS, нејзиното влијание е длабоко почувствувано, неодамна како наш прв старешина во резиденција, каде што таа ја вгради културата во структурата на нашата организација. Неизмерно дарежлива во споделувањето на нејзиното знаење, мудрост и дух, таа ќе продолжи да нè води како работиме, да водиме и да раскажуваме приказни“, додаде Палфриман.

A woman speaking while standing on a stage. She is standing in front of a screen that says: RHODA ROBERTS.
Rhoda Roberts received an Order of Australia honour in 2016 for distinguished service to the performing arts, leadership, advocacy and promoting contemporary Indigenous culture. Source: Supplied

Пред да почине, Робертс доби пофалби за нејзината кариера и придонеси и од премиерот Aнтони Албанезе.

"Рода, ти благодариме многу. За сè што создаде, инспирираше и сподели“, рече Албанезе во декември.

"Ја почитуваме твојата извонредна кариера и патот што го издлаби за сите што те следат.“

Рода ги остава својот партнер Стивен, нејзините деца, Џек, Сара и Емили - биолошкото дете на нејзината сестра близначка што го одгледа од бебе.

Меѓу нејзините многубројни признанија е и наградата Ros Bower од Австралискиот совет во 2019 година, потоа наградата Sue Nattrass од серијата награди Helpmann во 2018 година, наградата Deadly за радио презентер во 1998 година како и наградата Sydney Myer Facilitators во 1997 година.

Во јули минатата година, ѝ беше доделена награда за животно дело на Медиумските награди на Првите Hации.

Робертс беше ментор и пријател на безброј уметници, актери, музичари, продуценти, новинари и културни работници.

 

Живот исполнет со пионерски подвизи

Родена во 1959 година во Нов Јужен Велс, Робертс присуствуваше на првата национална конференција на црни драматурзи во 1987 година, а потоа беше ко-основач на Абориџинскиот национален театарски фонд во 1988 година. Таа глумеше во познатата продукција Radiance, во Belvoir St Theatre во 1993 година на Louis Nowra, призната претстава што ги отвори вратите за црниот театар во средината на 90-тите.

Во 1994 година, на врвот на својата кариера, се омажи за актерот Бил Хантер, од кој подоцна се раздели во 1998 година, само три години пред неговата смрт.

Кон крајот на 1990-тите, таа беше ангажирана од Sydney Olympics Games Organising Committee (SOCOG во различни улоги како уметнички советник на Културната Олимпијада, Festival of the Dreaming (1997-2000), настаните Sydney Dreaming events, Torch Relay и како креативен директор на Домородниот сегмент од церемонијата на отворањето на Олимписките Игри во Сиднеј - 8-минутен дел наречен Awakening.

Како раководителка на Домородната програма во Sydney Opera House од 2012 до 2021 година, Робертс основа годишен бесплатен фестивал на отворено кој ја слави музиката, танцот и културата на Првите Hации наречен Homeground (2014), додавајќи го и Dance Rites на фестивалот во 2015 година. Таа продуцираше неделна национална програма Deadly Voices from the House (2016), го надгледуваше Songlines - осветлувањето на едрата со Домородни уметнички дела во 2016 година и проекциите на Badu Gili - дневно осветлување на источното едро Bennelong на Оперската Kуќа со уметност на Првите Hации, лансирано во пресрет на Неделата на NAIDOC во 2018 година.

A female news anchor in an orange-and-black blazer sits next to a male anchor in a suit. There's an Indigenous logo with "First in Line" written at the bottom, behind them.
Rhoda Roberts (left) was an anchor on the program First in Line, the first Indigenous current affairs program to air on Australian television.

Нејзиниот пат кон уметноста не беше директен.

Дипломирала како медицинска сестра во 1979 година, а во 1981 година се преселила во Лондон за да работи во болницата Вестминстер, како и во болници во Италија, Грција и Индија.

Робертс се вратила во Сиднеј во средината на 1980-тите за да студира сценски уметности.

Набрзо следеле актерски улоги во телевизијата и театарот.

Се појавила како пионер во медиумите и радиодифузијата. Во 1989 година, таа била ко-водителка на First In Line со Мајкл Џонсон - првата абориџинска програма за актуелни настани во Австралија.

Подоцна презентирала и продуцирала документарни филмови и неколку програми за SBS, вклучувајќи ги Vox Populi и Hotline, водени од иконата на SBS Силвио Ривиер и Стивен Кук.

Во 1993 година, таа работела како продуцент и водител за националната радио програма Deadly Sounds, емисија која се емитувала 21 година, давајќи ѝ на домородната заедница позитивен глас во австралиските медиуми.

Освен во SBS, нејзините телевизиски заслуги вклучуваат гостувања во Home and Away, A Country Practice и Blue Heelers. Филмските заслуги вклучуваат Until the End of the World на Вим Вендерс и голем број кратки филмови.

Во едно интервју од 2018 година, Робертс зборуваше за влијанието на раскажувањето приказни од Првите Нации во текот на 1980-тите.

"Не само со First In Line, туку и со Vox Populi беше одлична можност да се прикажат приказни кои буквално беа добри вести, но исто така дадоа и друга перцепција, поинаква леќа ако сакате“, изјави таа за Satellite Dreaming.

 "Се префрливме од меките приказни на обезбедување политички приказни и приказни силно засновани на информации кои покажуваа поинаква гледна точка“.

До почетокот на милениумот, нејзиниот углед, влијание и брилијантност продолжија да растат, ангажирајќи се за многу големи настани, вклучувајќи ја церемонијата на предавање на Олимписките Игри во Атина, церемонијата на отворање на Музејот Musee Du Quay Branley во Париз (2006), Јапонскиот саем (2006) и прославите на Нова Година во Сиднеј (2008 – 2011).

 

Секогаш поддржувајќи ги домородните уметници, изведувачи и музика, таа беше основач и уметнички директор на Фестивалот- Festival of the Dreaming, во Сиднеј и Фестивалот - The Dreaming Festival во близина на Вудфорд, Квинсленд.

Од 2003 до 2013 година, таа ја развиваше и режираше годишната церемонија Woggan-ma-gule во Barangaroo во Сиднеј. Одржана наутро на 26 јануари, таа ја призна и прослави културата на Првите Нации преку музика, танц, јазик и раскажување приказни.

Од 2005 до 2007 година, Рода беше новинарка и водителка за Националната програма на радиото ABC, а од 2008 до 2011 година беше креативен директор за прославите на Новата година во Сиднеј.

Во 2012 година, таа беше ангажирана од Opera Australia да го режира и напише мјузиклот Yarrabah, по успехот на нејзината режија на меѓународната опера Оpera Miricoloa а Милано од Италијанецот Џорџо Батистели за Фестивалот во Бризбен во 2009 година.

Во декември 2012 година, Рода беше во центарот на вниманието, водејќи го историското национално емитување со Стен Грант од Улуру, а помогна и во лансирањето на NITV free to air.

Таа неодамна работеше како консултантски директор за развој на документарниот филм нарачан од NITV The Colleano Heart.

A woman smiling while sitting in the trunk of a tree as she poses for a photo.
Rhoda Roberts was a mentor and friend to countless artists, actors, musicians, producers, journalists and cultural workers. Source: Supplied

За да се подложи на третман за ракот, таа се откажа од неколку улоги, вклучително и од улогата на културен лидер во весникот Koori Mail Newspaper - националниот весник во сопственост на Абориџините, основан од Овен Кариџ и таткото на Рода, пасторот Френк Робертс, во мај 1991 година.

И покрај тоа што беше болна, Робертс ја напиша и ја изведе претставата Мy Cousin Frank во Sydney Opera House, во декември 2025 година, раскажувајќи ја приказната за нејзиниот братучед Френк Робертс, кој стана првиот абориџински олимпиец во Австралија во 1964 година.

Тоа ќе биде нејзиниот последен јавен настап.

Таа исто така пишуваше нова продукција The Indigenous World Art Orchestra и го режираше документарниот филм Balang (приказната за Том Е. Луис) и беше во развој за филмот Bukal (приказната за Хенриета Мари).

Тања Денинг-Орман, припадничка на Guugu Yimithirr и Birri Gubba и директорка на First Nations на SBS, ја призна огромната улога што Робертс ја одигра во инспирирањето на новата генерација домородни медиумски професионалци.

"Гледајќи ја на тв екраните во ударниот термин, ме инспирираше мене и многу други - таа не само што внесуваше промени, туку и го галванизираше секторот, негувајќи ги и водејќи ги лидерите кои го носат пламенот на промените напред, оној што во неа го запалија нејзиното семејство, нејзината приказна, нејзините предци“, рече Денинг-Орман.

"Нејзиниот занает се прошири надвор од екранот и сцената, преку нејзиното застапување за лидерство на Првите Нации и нејзината посветеност на следната генерација.“

"Рода, ни недостигаш, ти благодариме и ќе те носиме со нас во сè што правиме.“

Трајна болка и загуба

Во јули 1998 година, близначката на Робертс, Лоис, исчезнала додека стопирала помеѓу Нимбин и Лисмор.

На семејството му било кажано дека 38-годишната жена едноставно "прошетала наоколу“ и дека "претеруваат“.

Шест месеци подоцна, нејзините останки беа пронајдени во блиската шума na Whian Whian. Таа била врзана, мачена, злоупотребена и убиена.

A photograph featuring two people smiling.
Rhoda Roberts (left) and her twin sister Lois who’s murder in 1998 remains unsolved. Source: Supplied

Никој не е обвинет за нејзината смрт, а случајот никогаш не беше одново истражен.

Робертс често зборуваше за Лоис, сеќавајќи се на длабоката врска што ја имале и на трајната болка од нејзината загуба.

"Од денот кога замина, пред да заспијам навечер, мислам на неа. Штом ќе се разбудам, ја гледам. Значи, таа секогаш ќе остане млада“, рече таа за време на неодамнешно интервју.

Добредојдовте во земјата

На Робертс и се припишува и креирањето на терминот "Добредојдовте во Земјата" во 1980-тите.

"Тоа [Добредојдовте во Земјата] беше момент за нас да размислиме за нашите религиозни верувања, нашите ритуали на кои отсекогаш сме се посветувале“, изјави таа за SBS Examines минатата година.

 "Сепак, со окупацијата и процесот на асимилација, тие практики наскоро беа забранети.“

Во интервју за ABC во јули, Робертс зборуваше за тоа како ѝ се припишува заслугата за креирањето на терминот во 1980-тите, кога раководеше со Абориџинскиот национален театарски фонд.

"Помисливме: Па, зошто да не почнеме повторно да го воведуваме тој протокол што го користиме во нашите заедници, но за уметничкиот сектор, бидејќи тие се многу отворени и флексибилни и одлични критички мислители“, рече таа.

 “И затоа размислувавме: Како би го нарекле? И така, го смислив Добредојдовте во Земјата".

‘Секогаш бидете дарежливи и љубезни’

Гледајќи напред, Робертс рече: “Следната генерација изгледа брилијантно.”

 “Постојат луѓе кои се неверојатно образовани, но исто така има и некои извонредни критички мислители“, изјави таа за ABC во јули.

“Тие ги гледаат хоризонтите и гледаат дека има можности. И ако треба да погледнеме во секој индустриски сектор во оваа земја, има Абориџини кои работат во тие сектори.”

Робертс рече дека извонредните луѓе од Првите Нации работат во широк спектар на специјализирани професии каде и “враќаат” на Австралија и нејзината економија.

“Но, ние не се фокусираме често на тоа. Се фокусираме на ужасните работи со кои многу заедници исто така имаат проблеми, без разлика дали станува збор за затвор, семејно насилство”, рече таа.

На крајот од интервјуто, таа сподели мантра што ја пренесе нејзиниот татко, пасторот Френк Робертс.

“Знаете кои сте. Ние сме тука илјадници години. Колку е тоа извонредно. Затоа, секогаш бидете дарежливи и љубезни.”

For the latest from SBS News, download our app and subscribe to our newsletter.

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Watch now