Македонскиот уметник од Австралија, Роберт Михајловски, се претстави пред австралиската јавност со четири скулпури, во рамките на групната изложба што одржува од 3 до 24 ноември, во галеријата Yarra Sculpture Gallery, во Аботсфорд, во Мелбурн. Михаловски изложува заедно со тројца други австралиски уметници.
Ова е прв скупторски обид на Михаловски, кој инаку е познат и етаблиран графичар и сликар.
"Обично не се сметам за скулптор, но ме интересираше страста за тродимензионална уметност и да сакав да преминам од дводимензионална кон концептуално ориентирана тродимензионална уметност.

Моите уметнички дела се создадени од предмети и парчиња дрво што ги најдов на пазарите.Роберт Михаjловски
Михајловски комбинира елементи од класичните скулптури поставувајќи ги со кутии и материјали за пакување. На овој начин скулптурите и сликите едноставно станаа секојдневни алегориски уметнички дела.

Како и со промената на статуата на Буда, јас намерно се обидувам да си поиграм со нашата желба за совршенство, целина и поим за вредност и естетика, користејќи напуштени и фрлени уметнички дела или артефакти, содавајќи ново уметничко дело.Роберт Михаjловски
Тој исто така користеше предмет создаден од природата како инспирирација да создаде ново парче скулптура.

Јас сум графичар, но дводимензионалната слика не го задоволува мојот креативен импулс. Мојата намера беше да создадам уметничко дело со третата димензија.Роберт Михаjловски

