Најдобрите фудбалски репрезентации во светот во моментов во Русија на Светското првенство се борат за титулата светски првак.
Која репрезентација ќе го подигне шампионскиот пехар ќе дознаеме на 15 Јули по одигрувањето на финалниот натпревар.
На досегашните одржани дваесет Светски првенства на титулата светски првак се радувале само осум репрезентации.
Со пет освоени титули прв на листата е Бразил пред Германија и Италија со по четири титули светски првак.
Бразил 5 ( 1958, 1962, 1970, 1994, 2002 )
Германија 4 ( 1954, 1974, 1970, 2014 )
Италија 4 ( 1934, 1974, 1982, 2006 )
Уругвај 2 ( 1930, 1950 )
Аргентина 2 ( 1978, 1986 )
Англија 1 ( 1966 )
Франција 1 ( 1998 )
Шпанија 1 ( 2010 )
Бразил исто така е единствена земја што има настапувано на сите Светски првенства досега. Има одиграно вкупно 104 натпревари и е на второто место веднаш зад Германија која има настапувано на 18 првенства но одиграно 106 натпревари.
