Сокерус натпреварите на Светското Првенство ке ги започне против поранешниот Светски шампион Франција а потоа следуваат натпреварите со Данска и Перу.
Данска која е 12-та на ранг листата на ФИФА заврши како втора во својата група зад Полска.
Перу 11-та на ранг листата по освоенто пето место во квалификациите во Јужно Американската група со победата над Нов Зеланд во бараж натпреварот обезбеди место на Светското првенство за прв пат по 1982 година.

Линк каде можете да дознаете како и кои натпреварите од Светското првенство ке ги гледате во живо
Љубителите на фудбалот првиот натпревар на Австралија против Франција ке можат да го гледат на 16 Јуни со почеток од 20 пм.
Вториот натпревар против Данска според распоредот ќе се игра на 22 Јуни од 10 пм додека последниот дуел од групната фаза Сокерус ќе го имаат со Перу на 27 Јуни точно на полноќ.
Првите две селекции од секоја група се пласираат во 16 - ет финалето.
Ако Австралија го повтрои успехот од 2006 година и се пласира во нокаут фазата тогаш можни противници се Аргентина, Исланд, Хрватска и Нигерија од групата Д.
