Мишела Димоска го освои сребрениот медал во кати до 21 година на традиционалниот Куп во Умаг -Хрватска,турнир од Светската карате лига во организација на Светската карате федерација.
Мишела во финалето загуби од Ема Браздова од Словачка минимално со поделена судиска одлука од 2 : 3. До финалето Мишела стигна со четири убедливи пбеди од 5 : 0.

Нејзината сестра близначка Маријана добро го започна турнрот со две убедливи победи. Но во третата борба за пласман во полуфиналето загуби минимално со 3 : 2 и ја пропушти шансата за висок пласман.

Мишела и Маријана Димоски на Купот во Умаг настапуваа под Австралиско знаме и го претствауваа клубот Ронин Мамисде од Перт.
Сетсрите Мишела и Маријана од неодамна се и во составот на Австралискиот институт за спорт на Западна Австралија.
