SKIP TO MAIN CONTENT

Трета Гала вечер на Австралиско-македонскиот театар во Сиднеј: Најдобри актери Валентина Апостоловска и Зоран Гулабоски

На традиционална Гала вечер на АМТ од Сиднеј, посветена на театарската уметност беа доделени престижните награди Александар Македонски. Наградата за најдобра актерка отиде во рацете на Валентина Апостоловска, а за најдобар актер беше прогласен Зоран Гулабоски.

Австралиско македонски театар, Сиднеј
Наградените актери на АМТ со амбасадорот на РМ во Канбера,НЕ Веле Трпески кој ја отвори Гала вечерта Source: АМТ

1 min read

Published


Skip to article content

Наградата за најдобар дебитант и беше доделена на  Стефани Тодоровски , за најдобрата женска придружна улога на Татјана Нешковска, а за најдобра машка придружна улога на Васко Србиновски.

Избор на публиката беше младиот Антонио Нешковски.

Членовите на театарот наградата за животно дело му  ја врачија на Стефо Нанцу кој во театарот членува осум години, а со глума и режија се занимава 35 години .

Наградата за уметност и култура под името Александар Македонски, за врвно културно остварување и промовирање на македонската култура и нација во Австралија ја доби познатиот  поет и новинар Иван Трпоски  за промовирање на македонскиот јазик и култура. Г-дин Трпоски скоро четири децении  активно работи во Литературното друштво „Григор Прличев“.

И македонската православна општина  Св Димитрија Солунски од Волонгонг како една од најактивните општини во Австралија која за последните 45 години активно ги негува и промовира македонскиот јазик, религија, спорт, фолклор и култура во Австралија беше  добитник на наградата Александар Македонски. Наградата  ја прими претседателот на Општината, Љупчо Стефановски.


Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now