Наставничката Лилјана Тасевска која ја води оваа група вели децата сакаат да се во допир со македонските традиции и тоа го споделуваат на саботните часови по македонски јазик. Во училницата преку дискусии на теми од секојдневието, децата се приближуваат до македонскиот јазик, го збогатуваат речникот, си помагаат меѓусебно и пред се се ослободуваат похрабро и почесто да го користат, посебно кога одат во Македонија меѓу своите роднини.
Видете како од срце ги пеат песните.
Но, велат учениците, не си научил доволно македонски јазик ако не ја знаеш македонската химна.
Нека овие вредни ученици од VSL Aлтона бидат поттик за другите да си го сакаат, учат и негуваат македонскиот јазик.
Share
