Успешна традиција - Јубилеен десетти натпревар по рецитирање на македонски во Сиднеј
SBS Source: Participants in the 10th Reciting competition in Macedonian held in Sydney
Во организација на Македонскиот Просветно Училишен Одбор на НЈВ, во Сиднеј по десети пат се одржа Натпреварот по рецитирање на македонски јазик за учениците од основните училишта. И оваа година, традиционално, домаќин беше Основното училиште во Карлтон.Рецитирањето е древна македонска вештина, која се негува во училиштата на македонски јазик во НЈВ. Оваа вештина им овозможува на учениците да ја зголемат својата самодоверба, својата меморија или помнењето, а истовремено и да го надминат стравот од зборување пред други луѓе.Жири комисијата во состав проф. д-р Ирена Чолакова Велјанова, проф. Славица Ристеска и поетот Иван Трпоски, потврдија дека сите деца заслужуваат пофалба за успешниот настап
Share



