Во организација на македонската православна општина за Мелбурн и Викторија пред споменикот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во кругот на црквата "Свети Ѓеорѓи и Пресвета Богородица" одбележана 119 - та годишнина од Илинденското востание и 78 години од АСНОМ.
Архимандрит Гаврил Галев игумен на манастирот "Свети Климент Охридски" и отец Климент Станковски одржаа Трисагија за паднатите борци за слобода на Македонија.

Дејан Змејковски, секретар на македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, одржа говор за значењето на овие два светли моменти од македонската историја.

Пред споменикот на Гоце Делчев македонски друштва и организации положија свежо цвеќе.





