Традиционалниот Македонски фудбалски куп за 2018 година за прв пат се одржа во Мелбурн. Високите температури беа најголем противник на фудбалерите и навивачите но тоа не беше пречка се да мине во најдобар ред како на фудбалските терени така и надвор од нив.
Во финалето за сениори играа екипите на Рокдејл Илинден и Броадмедоу Меџик

The 2018 winners are the Broadmeadow Magic


За играчи до 20 -ет години најуспешна беше екипата на Алтона Меџик Вардар. Во финалето ја совладаа екипата на Сиднеј Македонија.

Како и што се очекуваше во женска конкуренција победи екипата на Престон Македонија. Во финалето беа подобри од Алтона меџик Вардар.

Победничкиот пехар за играчи над 35 години заслужено замина кај фудбалерите на Лалор Слога јунајтед откако во финалето ја совладаа Алтона Меџик Вардар.





