И покрај импресивниот настап на песната "Proud" во големото финале на Евровизија 2019, во Тел Авив, Израел, македонската претставничка Тамара Тодевска заврши на осмото место. За момент се чинеше дека таа е сосема блиску до победата, добивајќи ги максималните 12 поени од стручното жири на многу држави, вклучувајќи ги Велика Британија, Швајцарија, Албанија и Србија. И покрај тоа што Тамара не успеа да добие доволно бодови од публиката која гласаше преку телевоутинг, сепак, ова е најдобар пласман на Македонија на Евровизија досега. Македонската претставничка успеа да ги освои симпатиите на многумина, вклучувајќи и на славниот британски музичар Бој Џорџ, кој на својот профил на Твитер напиша "Македонија најдобра за мене до сега"