Замислете за момент... да ви кажат дека вие или некој што го сакате има леукемија.За само неколку часа, животот може целосно да ви се промени. Следуваат прегледи, лекување, неизвесност и долги месеци исполнети со страв, борба и надеж.
Но, во таа борба, постои една животно важна помош која можеби доаѓа од од некој што никогаш нема да го запознаете – крвта од непознат дарител.
Денеска се одбележува Светскиот ден на леукемијата, ден посветен на подигнување на свеста за крвните карциноми и за луѓето и семејствата кои секојдневно се соочуваат со оваа тешка болест.
Секои 26 минути, во Австралија, на едно лице му се дијагностицира рак на крвта.
За многу од овие пациенти, даруваната крв, плазма и тромбоцити не се само дел од лекувањето – тие се животна линија.
А зад секоја дарувана кеса крв стои некој кој одлучил да помогне — да подари надеж, сила и можност за нова шанса во животот.
По повод Светскиот ден на леукемијата, разговараме со Бил Ставрески, директор на Одделот за истражување при Фондацијата за леукемија во Австралија, за животот со леукемија, за предизвиците со кои се соочуваат пациентите, но и за моќта на една едноставна човечка одлука — да се дарува крв.
Одлука која за некого може да значи нешто бесценето: надеж и шанса за живот.
За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here:




