Годинава Алтона Меџик Вардар прославува 50 години од своето постоење кога во далечната 1968 година беше формиран клубот под името ФК Кингсвил. За овие 50 години Алтона Меџик Вардар освои 5 титули во Премиер лигата на Викторија но и одигра голема улога меѓу македонската заедница во Мелбурн и Австралија. Во годината кога го одбележува педесетгодишниот јубилеј Алтона повторно се врати во Премиер лигата на Викторија. Во аудио записот можете да го слушнете разговорот со долгогодишниот претседател во клубот Трајан Скубевски.
Во 1967 година група македонски имигранти во Австралија вљубеници во фудбалот покренуваат инцијатива за формирање фудбалски клуб. Решено сторено. Клубот се формира под името ФК Кингсвил. Натпреварите ги започнуваат во 1968 година . Играат на стадионт Вембли во Јаравил.

Во 1979 година клубот го променува името во Altona Gate Soccer Club и за свој стадион го зема денешниот во Пејсли парк во населбата Алтона. Воедно клубот ја одбира црвено - црната боја на своите дресови според најдобриот Македонски клуб Вардар и го додава покрај името и Вардар. Алтона Меџик Вардар. Во 1988 година клубот го бележи и првиот поголем успех кога се пласира во тогашната Државна лига а денес Премиер лига на Викторија.

Со настапите во Премиер лигата и Управата на клубот се зафаќа со работа и си поставува за цел освојување на шампионска титула. На успесите не се чека долго. Во 1995, 1996 и 1997 година Алтона Меџик Вардар три пати по ред го освојува првото место и го носи шампионскиот пехар во своите витрини. Клубот царува во лигата. Им носи радост на своите навивачи и скоро сите играчи се со македонско потекло.
Фотографии од шампионските екипи.



На овие три титули Алтона Меџик додава уште две во 2008 и 2009 година. Со тоа стигнува до бројката од пет освоени титули со што го вивна клубот во еден од најреномираните во Викторија.
Фотографии од шампионските екипи во 2008 и 2009 година.


Веднаш по последните успеси Алтона Меџик запаѓа во финасиска криза и клубот во 2010 испаѓа во Првата државна лига на Викторија. До 2015 година клубот се натпреварува во лигата без некои поголеми успеси. Но со доаѓањето на новиот амбициозен претседател и спонзор на клубот Игор Георгиевски повторно се појавуваат желбите и амбиците за враќање на клубот онаму каде што му е и местото Премиер лигата на Викторија. Во 2015 и 2016 година двапати по ред се прваци во лигата. Во 2017 година клубот беше прифатен во НПЛ 2 и по една извонредно успешна сезона во годината кога слави 50 годишен јубилеј Алтона Меџик Вардар повторно ја освои шампионската титула и обезбеди промоција во Премиер лигата на Викторија.

Во досегашните педесет години постоење дресот на Алтона Меџик Вардар го носеле многу познати фудбалски имиња. Дел од нив се и носители на највредните фудбалски награди во Викторија а голем дел од нив го носеле и дресот на Австралија скоро во сите селекции.
Галерија со фотографии од Алтона Меџик Вардар.



