По повод големиот јубилеј ФК Шепартон организира турнир на кој ќе учествуват екипите на Алтона Меџик Вардар, Престон Македонија како и првиот тим и тимот за фудбалери над 35 годни на Лалор Слога. Турнирот воедно ќе се искористи и за подршка на ФК. Шепартон Македонија. Во аудио записот разговор со Ицо Давковски од управата на ФК. Шепартон кој зборува за турнирот но и за долгогодишното постоење и успесите на клубот, кој во моментов се соочува со финансиски проблеми и потребна му е помош од македонската заедница.