Македонски фестивал на храната во Мелбурн

Source: Supplied
Секоја земја има своја специфична кујна која е тесно поврзана со културата и обичаите на одредена нација со својот живот и живеалиште. Секоја земја ги чува своите кулинарски традиции. Покрај културните и историските атракции, секоја земја може да открие голем број на кулинарски богатства, па и Македонија. Годинава, официјалниот македонски фестивал на храна Мелбурн уште еднаш е место каде што можете да го доживеете вкусот на традицијата, да имате залак од популарниот бурек, мазник, кифли, вкусни слатки и друга традиционална храна. Ќе има многу играорни групи од Викторија, а пет доаѓаат од Сиднеј. Ќе настапат и неколку познати eстрадни звезди меѓу нив и популарната Bella Paige. Разговор со Гордана Димовска од организацискиот одбор.
Share



