85 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, магот на македонскиот пишан збор

Source: Kafepauza.mk
По повод 85 години од раѓањето на писателот Петре М.Андреевски, се потсетуваме на авторот што ја создаде една од најмоќните книжевни метафори за македонскиот народ, споредувајќи го со неуништивата трева пиреј, во истоимениот роман. Популарноста на Андреевски не стивнува, и четири децении по создавањето на неговите вонсериски дела, романот “Пиреј” и стихозбирката “Дениција”. Андреевски беше роден на 25 јуни 1934, во селото Слојштица, демирхисарско, каде што и почина, на 25 септември 2006 година.
Share



