За 50-годишното постоење на македонското етничко училиште „11 Октомври“ во сиднејската населба Јагуна, покрај наставниците, учениците и родителите, заслуга за успешната приказна имаат и бројни волонери кои со своето време, труд и љубов придонеле училиштето да опстои и да продолжи да го негува македонскиот јазик и култура. Меѓу нив и нашиот соговорник Јордан Блажевски.
Повеќе од две децении Јордан помагал во наставата, бил секретар и координатор на училишни настани.
Во разговор за СБС на македонски, Јордан емотивно се навраќа на годините поминати во училиштето, на учениците, наставниците и волонтерите и на заедничкиот труд со кој се градело и одржувало едно од двете први македонски училиша во Сиднеј.
Ова е приказна за посветеноста на еден човек, но и признание за сите оние кои со својот волонтерски труд помогнале „11 Октомври“ да опстои и да ја продолжи својата мисија низ генерациите.
За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here:




