Pазговор со Јана Карова Деловска, авторка од Мелбурн, која неодамна ја објави својата прва книга, “По Пат За Мариово“. Станува збор за богата и разновидна збирка поеми, раскази, песни и други литературни текстови, низ кои оживуваат многу препознатливи аспекти од животот во Мариово – еден регион со длабоки корени, силна традиција и специфична убавина.
Јана, која веќе 37 години живее во Австралија, преку ова дело на суптилен начин ги истражува темите на потеклото, помнењето и тивкото исчезнување на еден начин на живот. Книгата не нуди носталгија, туку промислено сведоштво низ уметничка форма.
Првиот тираж е веќе распродаден, а интересот кај читателите во дијаспората и дома е сè поголем.
Останете со нас – во продолжение следува разговор со авторката, за процесот на создавање, инспирацијата и значењето на “По Пат За Мариово“ во денешниот контекст.
-//-
За повеќе прилози, интервјуа и вeсти од SBS на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS MACEDONIAN, explore our podcast collection here:





