Можеби сте го слушнале протестното скандирање.. "Што бараме? Правo на земјиште!“ Но, што всушност значи тоа? Земјaта е во срцето на идентитетот, културата и благосостојбата на Абориџините и жителите на островите на Тoрес Стрејт. Познато како “Country“, односно земја.. вклучува земјиште, водни патишта, небо и сите живи суштества. Во оваа епизода од “Australia Explained“, ги истражуваме правата на земјиште на Домородните жители - што тие вклучуваат, кое земјиште е опфатено, кој може да поднесе барање и влијанието врз заедниците на Првите Нации.
Share





