Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија од Австралиско - Сиднејската Епархија по повод 50 години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна црква - Охридска Архиепископија и патрониот празник " Свети Климент Охридски " одржа духовна академија во Македонската Православна Црква " Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица " во Мелбурн.
Архимандрит Гаврил во сослужение со свештеници од Австралиско - Сиднејската Епархија одржа вечерна богослужба.
Поздравното слово од Митрополитот г. Тимотеј го прочита отец Ефтим Бетински .
Отец Климент Станковски зборуваше за патрониот празник на Македонскиот Православен Манастир "Свети Климент Охридски" во Кинглејк.
Претседателот на Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија Мирчо Ангеловски зборуваше за педесет годишниот јубилеј на МПЦ -ОА.
Фото галерија од настанот
Share




