Петтата светска средба на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија ќе се одржи од 19 до 21 јули во Скопје. Со претседателот на организациониот одбор, Горѓи Ајановски, разговаравме за значењето на овој настан, во светлото на последниот развој на односите меѓу Македонија и Грција.