Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски, успеа да го победи Макс Халовеј во Лас Вегас во УФЦ и стана нов светски шампион во перо-лесна категорија. Со тоа Волкановски, кој има потекло од Беранци, битолско, стана првиот светски шампион со австралиско потекло во УФЦ. По освојувањето на светската титула, Волкановски им оддаде почит на поранешните шампиони и вети дека долго ќе владее во оваа категорија.
Share





