Алексис Ципрас „Не сме дозволиле македонски јазик, бидејќи македонскиот јазик не е наш за да го даваме”

Alexis Tsipras

Грчкиот премиер Алексис Ципрас говори за време на парламентарната седница во Атина на 15 јануари 2019 година Source: AP Photo/Petros Giannakouris

“Ниту пак македонската националност е наша за да ја даваме. И самото користење на зборот „дозволуваме“, укажува на илузијата на величина што произлегува од вашиот национализам. Луѓето кои живеат во Северна Грција се Грци, рече Ципрас во обраќањето до Мицотакис и додаде дека обвинувањата на грчкиот лидер на опозицијата се исти како на македонската опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ врз Заев.


“ Ова е историски ден за Грција. Истовремено, ова е историски ден за земјите на Балканот со нивната долга историја на конфликти, спорови и националистичка омраза. Свртивме друга страница и даваме простор за мир, соработка, пријателство, солидарност и меѓусебно разбирање ", рече Ципрас по гласањето за ратификација на Преспанскиот  договор за ставање крај на спорот за името  Македонија .”

Киријакос Мицотакис:" Владата, со опортунистичко мнозинство, гласаше за штетниот  Преспански договор. Неговата ратификација значи официјално признавање на македонскиот јазик и идентитет за жителите на [северниот сосед на Грција] за прв пат од страна на грчката влада, па така се отстапува десетгодишната национална линија. Ципрас  рече "да", каде што сите негови претходници рекоа "не". Само тој ги знае причините ", рече Мицотакис во својот говор за време на парламентарната дебата за Преспанскиот договор


Share

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Watch now