Watch FIFA World Cup 2026™

LIVE, FREE and EXCLUSIVE

Алтона Меџик Вардар: Подготвени сме за успешна фудбалска сезона

altona magic vardar rs.jpg
ФК. Алтона Меџик Вардар подготвени за новата сезона во НПЛ Викторија Credit: Altona Magic FC Facebook

Пред почетокот на новата сезона во НПЛ на Викторија, оптимизмот на Пејсли Парк е на високо ниво и тренерот Марковски очекува успешен почеток на сезоната. Новата управа на клубот не само што очекува успех на зелениот терен туку и најавува повеќе зафати и враќање на навивачите на стадионот.


Published

Updated

By Vase Kocev

Source: SBS


Share this with family and friends


Пред почетокот на новата сезона во НПЛ на Викторија, оптимизмот на Пејсли Парк е на високо ниво и тренерот Марковски очекува успешен почеток на сезоната. Новата управа на клубот не само што очекува успех на зелениот терен туку и најавува повеќе зафати и враќање на навивачите на стадионот.


Во последните неколку сезони во Националната Премиер Лига на Викторија Алтона Меџик Вардар не успеваше да се избори за место меѓу шесте најдобри на табелата кои водат во разигрувањето за титулата.

Но, годинава во пресрет на почетокот на новата сезона за 2023 година, оптимизмот на Пејсли Парк е на високо ниво.

Тренерот Џон Марковски, играчите но и навивачите се надеваат дека конечно годинава ќе изборат место во финалната серија.

Оптимизмот го темелат на победите на традиционалниот Македонски фудбалски куп но и во подготвителните пријателски натпревари против Порт Мелбурн, Бентли Гринс и Мелбурн Виктори.

Тренерот Марковски вели дека имале добри и квалитетни подготовки и дека се подготвени за првиот натпревар против Хјум Сити.

И покрај тоа што имаме деветмина нови играчи за разлика од лани фудбалерите работеа напорно и се подготвени. Повеќето фудбалери се млади кои имаат добра шанса и можност да играат на високо ниво и да се докажат во најсилната лига во Викторија
Џон Марковски, тренер на Алтона Меџик Вардар
Markovski and Moore.jpg
Џон Марковски (лево) со својот помошник Крег Мур пред тренингот на Алтона Меџик Вардар Credit: SBS

И претседателот на клубот Џим Илиевски кој на оваа функција дојде по завршувањето на минатата сезона го потврдува оптимизмот.

За новата сезона се е подготвено за големи успеси. Верувам дека тренерот Марковски си ја заврши својата работа во подготовките. Иако немаме звучни имиња сепак тоа се млади фудбалери желни за докажување и секој си има своја улога во екипита а со тоа и ние како управа мислиме и на подолг период да градиме стабилна екипа
Џим Илиевски, претседател на ФК. Алтона Меџик Вардар

Г-дин Илиевски додава:

Како клуб не само што сакаме успех на зелениот терен туку сакаме и публиката да се врати на стадионот, да се чуствуваат исто како дома и за таа цел планираме да преземеме повеќе активности и соработка со локалната општина и да го направиме Пејсли Парк пријатно место за гледанње фудбал
Џим Илиевски, претседател на ФК. Алтона Меџик Вардар
Milenkovski and Bozinovski rs 2 .jpg
Претседателот на Алтона Меџик Вардар, Џим Илиевски (лево) со својот соработник и поранешен фудбалер Славе Божиновски Credit: SBS

Што се однесува до Втората Национална Лига на Австралија која е во фаза на формирање, Г-дин Илиевски вели:

Иако има доста услови за оваа лига ние како клуб сме способни сето тоа да го исполниме, но нашите мисли сега се свртени кон НПЛ на Викторија. Најважно е да има клуб од македонската заедница и кој и да биде ќе ја има целосната подршка од Алтона Меџик Вардар
Џим Илиевски, претседател на ФК. Алтона Меџик Вардар
Altona magic vardar 2 rs.jpg
Фудбалерите на Алтона Меџик Вардар се загреваат пред почетокот на тернингот на Пејсли Парк Credit: SBS

Алтона Меџик Вардар годинава се засили со играчи од Викторија но и од другите држави во Австралија.

Нови фудбалери се:

Сиан Куба - Олимпик ФК, Дарси Анастовски - Мелбурн Виктори, Чарли Лиич - Перт Глори, младиот голман Зак Боулинг - Броадмедоу Меџик, Џастин Микалеф - Мелбурн Најтс, Кристијан Роси - Вериби Сити, Џош Марковски - Есендон Ројалс, Арон Андерсон - Мелбурн Виктори и Паоло Бонани пораншен играч на Сиднеј ФК со фудбалско искуство и од Европа.


Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now