SKIP TO MAIN CONTENT

Алтона Меџик со победнички дух и во НПЛ

Altona Magic SC
Altona Magic SC Champion NPL 2 West 2018 Source: SBS

Плановите и целта пред почетокот на сезоната во НПЛ 2 ФК. Алтона Меџик во целост ги исполни и убедливо го освои првото место. Во идната сезона ќе се натпреварува во НПЛ на Викторија. Првите луѓе на поранешниот петкратен шампион на Виктоија велат дека нема да играат епизодна улога. Напротив ветуваат дека победничкиот дух останува и најавуваат нови успеси.


Published

By Vase Kocev

Source: SBS


Skip to podcast episode content

Плановите и целта пред почетокот на сезоната во НПЛ 2 ФК. Алтона Меџик во целост ги исполни и убедливо го освои првото место. Во идната сезона ќе се натпреварува во НПЛ на Викторија. Првите луѓе на поранешниот петкратен шампион на Виктоија велат дека нема да играат епизодна улога. Напротив ветуваат дека победничкиот дух останува и најавуваат нови успеси.


Со доаѓањето на Игор Георгиевски во Алтона Меџик, клубот во последните години бележи само успеси. По освоеното на двапати прво место во State League 1, во штотуку завршената сезона во НПЛ 2 Алтона Меџик повторно убедливо го освои првото место. Во годината кога клубот слави 50 годни од постоењето поубав подарок за симпатизерите на Алтона не можеше и да се посака.

Претседателот на Алтона Меџик Игор Георгиевски кој живее за и со фудбалот вели дека до успесите се дојде со тешка работа заедно со своите соработници.

" Работевме макотрпно со моите соработници на кои сум им благодарен. Го имавме Горан Лозановски на клупата и вистинскиот избор на играчи кои дадоа се од себе во текот на целата сезона. Среќни сме по успехот но време за славење нема многу. Со мислите сме веќе за следната сезона и ветувам дека победничкиот дух и успесите ќе продолжат."

Igor Georgievski
Igor Georgievski -Altona Magic SC President Source: SBS

Радоста по освоената шампионска титула не ја криеше и капитенот Џони Стојчевски кој беше вистински водач на тимот на зелениот терен.

" Радосни сме по освоенто прво место и пласманот во НПЛ каде според квалитетот и традицијата на клубот и му е местото. Благодарност до управата за се што ни овозможи но и до нашите навивачи за подршката."

Johnny Stojcevski
Johnny Stojcevski Altona Magic SC -photo Mark Avelino Source: Mark Avelino

Задолжен за постигнување голови беше Џон Мекшејн. Како и минатите и сезонава беше прв стрелец со 17 постигнати голови. Задоволен од последниот успех најави дека и понатаму останува верен на Алтона.

" Добро ми е во клубот одлично сум прифатен од управата, соиграчите и навивачите. Останувам верен и понатаму на Алтона Меџик и се надевам дека и во НПЛ доколку ми дадат шанса ке бидам исто така ефикасен."

John Mcshane
John Mcshane Mark Avelino photo Source: Mark Avelino

Искусниот Роберт Стамболџиев кој десетина години играше во Европа, го засили клубот во полусезоната и со своите добри игри и неколку постигнати голови беше вистинско освежување и даде полн придонес во освојувањето на шампионската титула.

" Радосен сум за овој успех со Алтона а посебно за тоа што по подолго врме повторно клуб од македонската заедница ќе се натпреварува во НПЛ. Благодарност до сите за несебичната подршка што ја имавме во текот на сезоната особено од нашите навивачи кои секогаш беа со нас. Последните три месеци ми беше убаво во клубот и засега не размислувам за враќање во Европа."

Robert Stambolziev
Robert Stambolziev Altona Magic SC photo Mark Avelino Source: Mark Avelino

Фудбалерите на Алтона Меџик Вардар со аплауз од навивачите поздравени по одигрувањето на последниот натпревар сезонава.


Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now