Американец во Мариово – љубовната приказна на Скот Пинкстер кој стана Петровски
Scottie Petrovski in Mariovo Source: Stefan Petrovski
Господ ме испрати во Македонија, зaшто знаев дека таму е моето срце, мојата љубов Христинчето - ни кажува Скот Пинкстер,роден Американец кој отишол во Македонија, се вљубил во Христина, земјата и нејзините луѓе, научил убаво да зборува македонски, се оженил и го зел презимето на неговата невеста. А во меѓувреме, додека чекале за визата на Христина, пасел говеда во Мариовско за да помогне на локалниот манастир. По заминувањето во Мичиген, Христина студира нутриционизам a долгорочен план им е да се вратат во Македонија и да купат фарма на која ке одгледуваат здрава храна
Share