Македонската храна и култура беа презентирани на најдобар начин на овогодинешниот Македонски Фестивал на Храна што се одржа во паркот на Фуцкрај на 27 октомври. Организаторите на заедницата воодушевија илјадници посетители на денот со традиционалните бурек, кебапи, тулумби и мазник, заедно со досега ретко видена изложба на оригинални и рачно изработени македонски женски носии, кои датираат од пред повеќе од еден век. Популарните танцовни ансамбли од Викторија и Нов Јужен Велс ги соединија фолклорните сили за да и дадат на публиката уште едно незаборавно празнично искуство.