Здравствениот систем на Мелбурн повторно е во криза, а Брзата помош на Викторија беше принудена да воведе црвен код, бидејќи привремено беше неспособна да одговори на сите потреби во својата работа. Државната влада се најде на удар на критики затоа што не издаде јавно предупредување дека болничарите работат според протоколите за итни случаи.
Share





