Доктор Снежана Џамбазова - Попорданоска е доктор по медицина и доктор на науки од областа на психологијата и работи како советник.
Инспирацијата да ја напише книгата била вистинска случка од нејзиниот живот кога доживеала повреда со сериозни последици и нарушување на нормалното функционирање во секојдневниот живот.

" После ова мое лично позитивно искуство решив овие мудрости и практични вештини што ги научив да ги споделам преку пишаниот збор и да им помогнам на колку што можам повеќе луѓе " - рече Др. Снежана Џамбазова Попорданоска на промоцијата.

Книгата " Another Way of Livinig " содржи научни истражувања од областа на психологијата и личниот развој но и на повеќегодишнотопрофесионално искуство на авторката во нејзината работа со пациентитите.
Содржи одговори, јасни пораки и практични стратегии за тоа како да се надмине стравот и страдањето, да се подобрат комуникациските вештини и одржуват позитивни врски со другите.
Книгата овозможува како да ја надминете вашата емоционална болка и да го пронајдете внатрешниот мир како и вистинската среќа во животот.
Видео: Во продолжение видео со извадок од книгата за тоа како да го надминеме стравот.




