"Верувам дека сеуште има некои од иницијаторите и организаторите за подигањето на овој свет храм, но најголем дел се преселени во вечноста.Во овој момент, должни сме да им искажеме искрена благодарност за нивниот подвиг, за нивниот труд и за нивните маки за реализирање на ова богоугодно дело. Во сите активности вие го закрепнувавте и засилувавте македонскиот бит во оваа демократска австралиска земја" - рече администраторот на Австралиско-сиднејската македонска православна епархија, митрополитот Тимотеј.
“Пред четири децении, вашите предци, како иницијатори, биле водени од религиозно-национални мотиви овде во Рокдејл, да подигнат дом божји за нашите луѓе. Да подигнат божји дом овде, каде што се наоѓа најголем број од Македонците во овој дел на Сиднеј, верувам дека подигнувањето и осветувањето на овој храм ги оправда своите цели.Покрај верскиот, црковниот живот,оваа црква даде сериозен влог во сите овие изминати години не само на културен , туку и на просветен, национален и спортски план”, рече администраторот на Австралиско-сиднејската македонска православна епархија, митрополитот Тимотеј поздравувајќи ги присутните на свечената прослава по повод 40-годишниот јубилеј на МПЦ “Св Петка” во Сиднеј
Видео од говорот на Митрополитот г. Тимотеј





