Македонските Православни цркви постепено се прилагодуваат на потребите и барањата на верниците според примерот и на црквата Свети Ѓорги и Пресвета Богородица во Епинг. Во Сабота на 6ти Октомври, во 9.00 часот наутро, Светата Литургија, ќе биде на англиски јазик, известува Отецот Климент, кој додава дека, во рок од 15 до 20 години, реалноста ќе не доведе до тоа, црквените служби да се водат исклучиво на англиски јазик, според потребите на парохијаните. После службата, ќе има и мала закуска кон која придонесуваат присутните парохијани.
Share





