Полицискиот службеник во Атланта, кој наводно пукал во Рејшард Брукс, е обвинет за 11 кривични дела, вклучувајќи кривично убиство и може да го помине остатокот од животот зад решетки. Обвинителите велат дека црнецот не претставувал никаква закана кога бил застрелан пред ресторанот Wendy’s пред пет дена и дека полицаецот го клоцал и не му пружил медицински третман додека лежел на земјата и умирал.
Share




