Австралија со спектакуларни огномети ја дочека 2019

aap Source: AAP
Со спектакуларни огномети низ целава земја, Австралија ја дочека 2019 година. Пристанишниот мост во Сиднеј повторно беше на чело на прославата на новогодишните празници во Австралија. Изложбата која чинеше 5,8 милиони долари, според проценките, носи вредност од 133 милиони долари за локалната економија. Луѓето се собраа на места околу пристаништето, неколку часа однапред, за да се обидат да најдат добро место за гледање. Некои ги обезбедија своите места особено рано, и покрај високите температури ноќта пред тоа.
Share


