Watch FIFA World Cup 2026™ LIVE, FREE and EXCLUSIVE

Работата на австралиски научник како љубовно писмо кон родната Битола

Истражувачот и уметник, Роберт Михајловски во Националната Гaлерија на Викторија

Истражувачот и уметник, д-р Роберт Михајловски во Националната Гaлерија на Викторија

И по три децении живот во Австралија, љубовта на д-р Роберт Михајловски кон родната Битола останува бескомпромисна. Впрочем, својот професионален живот на историчар и научник на универзитетот "Латроб" во Мелбурн, тој го посвети на истражувањето и зачувувањето на богатото културно наследство на овој град.


Михајловски е истражувач и историчар на уметност, но исто така и впечатлив визуелен уметник, графичар.

Графики на Роберт Михајловски.jpg

Неговата изложба на графики "Еден друг круг", инспирирана од "Боженствената комедија" на Данте Алигери, беше оддржана во Културниот Центар - Офицерски дом во Битола, во јули, во 2022 година.

Има во овој денешен свет многу убавини, но има и мрак, еколошки загадувања, политички збиднувања, тешкотии во секојдневното преживување, и тие понекогаш доминираат.
Михајловски за инспирацијата за "Еден друг свет"
20231202_101629_2.jpg
Графика од изложбата "Еден друг круг"

Тематски и технички сосема различна изложба, во 2022 година, Михајловски одржа и во Мелбурн, во галеријата "Сол" во Бранзвик. Овојпат користејќи акрилик, гваж, туш, моливи во боја и пигменти, Михајловски создаде дела со огромни димензии, кои имаа одличен прием кај австралиската публика.

Огромен број бегалци, со своите сeмејства, тргнуваат со мали бротчиња преку широкото море во потрага по подобар живот, никогаш не стигнувајќи до целта.
За инспирацијата за изложбата “IN THE BOUNDLESS SEA”
1Capture.JPG
Изложбата “IN THE BOUNDLESS SEA” беше одржана во Галеријата "Сол" во Бранзвик Credit: Maja Talevska
Ние треба да излеземе од нашиот локализам и провинцијализам, за да му објасниме на светот дека и ние сме дел од тој голем мозаик на народи и раси. Затоа и книгата за Битола ја напишав на англиски јазик.
Capture.JPG
Credit: Maja Talevska

Share

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Watch now