Се бара од Австралијците да преземат лична одговорност за запирање на натамошнa појава на коронавирусoт во време кога повеќе држави ги објавуваат своите рокови за олеснување на ограничувањата. Додека Австралија регистрира само 14 нови случаи на коронавирус во рок од 24 часа, повеќе држави ги објавија своите планови за намалување на рестрикциите. Западна Австралија ќе стане прва јурисдикција која ќе воведе границa за собир од 20 лица додека преминува на втората фаза од така-наречениот „патоказ за закрепнување“ следниот понеделник 18 мaj. Лимитот од 20 лица ќе се однесува и на ресторани, кафулиња, пабови, барови и хотели доколку се политува правилото за густина од четири квадратни метри. На отворено, за свадби и погреби ќе биде дозволено до триесет гости.
Share




