Романот ‘Надеж‘ е прво печатено дело на Ване Николоски од Мелбурн, во кој авторот ги изнесува неговите размислувања за светот каков што е, но и за светот како што тој го замислува и сака да биде. Николоски вешто не вовлекува во младите животни приказни на Адам, Беки, Крис и Нате и со брзо темпо не провлекува низ лавиринтот на љубовта и пожртвуваноста. Тој не доведува до размислување за тоа, која всушност е вистинската насока на човекот и што првенствено подразбира зачувување на човечкото достоинство. Низ разговорот ќе чуете и извадоци од романот Надеж.
Share




