Запознајте го новиот претседател на “Цапарското друштво” од Сиднеј, 20-годишниот Томислав Вангеловски кој се надева дека ќе поттикне повеќе млади луѓе, активно да се вклучат во организациите и друштвата во македонската заедница во Австралија.
Ритуалот "Бабари" е стар околу 4 илјади години и ова многу активно друштво во Сиднеј, повеќе од 3 децении ја продолжува таа традиција што ги става Македонците на светската мапа на културно наследство на древни, духовни обичаи, заедно со Шаманските церемонии во Сибир, ритуалите на народите во Средна и Јужна Америка, индијанските танци во САД и Канада, церемониите на змејот во Кина и ритуалите со маски во Африка.
Share





