Јане Велковски со останатите учесници на прославата на Светскиот ден на детето. Source: Supplied
„Роден сум со спинална мускулна атрофија, и поради тоа наоколу се движам во инвалидска количка, која јас ја нарекувам формула еден. Но, моите родители од мали нозе ме научија дека можам да правам се што прават другите, само на поинаков начин. Како што растев, тоа стана правило, да правам сѐ и да уживам во животот. Одам на училиште и имам многу пријатели. Учам, излегувам, играм, но, мојата најголема пасија е фудбалот. Го засакав фудбалот од кога бев многу мал, и играм фудбал во секој момент кога можам. Ми дава сила, енергија и ме прави среќен. Фудбалот ми помогна да се изборам за да ја добијам терапијата, ме поврза со многу славни личности, и ме направи голем борец за еднаквост и спорт. Верувам дека сите во светот можат да играат фудбал. Без разлика на тоа како играат, важно е да се биде рамноправен и почитуван. Се сметам себеси за еднаков со другите, тоа е и начинот на кој постапувам, тоа е начинот на кој сите треба да се однесуваат. Но, не е лесно кога користиш инвалидска количка, затоа што постојат многу пречки на патеката. Мојата попреченост, не ми пречи. Тоа што ми пречи се бариерите во моето опкружување. Ме иритира кога сум спречен да одам некаде, ако нема рампа или транспорт за мене, па мора да ме носат моите родители. Кога бев помлад, родителите ми помагаа и ги отстрануваа пречките за мене, но јас сакам да пораснам во личност која е независна. Сигурно има многу, многу деца кои го делат истото мислење. Сакам да им порачам да бидат упорни и никогаш да не се откажуваат од своите соништа. Мора да ги уриваат бариерите пред нив и да прават добри работи кои за жал се повеќе недостасуваат. А за возрасните сакам да им кажам дека мора да се почитуваат правата на децата и да ги симнат бариерите – Да се стави крај на дискриминацијата“- рече Јане во говорот.Видео од говорот на Јане Велковски.
Дел од говорот на Јане и на македонски јазик.
За време на самитот Јане имаше можност да се запознае и со поранешната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам кој на самитот учествуваше како амбасадор на УНИЦЕФ во светот.