Симон е и истражувач и моментно работи на мерење и анализирање на факторите што најмногу влијаат врз одлуката на македонските студенти дали да се вратат во татковината или да останат во земјата во која студираат.
Тој се надева дека добиените податоци ќе и помогнат на македонската влада да креира стратегија за привлекување на младите да се вратат во татковината со обезбедување работни места во нивното поле на интерес и можности за нивно натамошно професионално усовршување.
Симон е исто така и хуманист со 10 годишно волонтерско искуство во Црвен крст, каде преку програмата “Промоција на хуманите вредности”, секоја година анимираат 1,200 млади луѓе да креираат проекти за помош на социјално ранливи лица.




