Сандра Манчини-Димовска ја сретнавме на отворањето на новата современа училница на училиштето 'Македонски бисери', каде младите од Волонгонг и околината го изучуваат македонскиот јазик. Таа вели дека сака нејзините ќерки Софија и Лара да знаат од каде им потекнуваат предците, но и да го знаат не само нивниот јазик туку и македонската култура и традиции. Бразилската и македонската култура се многу слични, двете се ориентирани кон семејството, вели Манчини-Димовска. Националниот натпревар по јазици СБС 2019 е иницијатива на СБС Радио, што ја слави и охрабрува љубовта за учење јазици. За да учествувате, посетете ја страницата sbs.com.au/nlc19
Линк каде можете да се пријавите и учествувате на SBS National Language Competition https://www.sbs.com.au/radio/national-languages-competition-2019
Share




