После неуспешните три обиди во минатото членот на Премиер лигата на северниот регион на Нов Јужен Велс Бродмедоу Маџик за прв пат се најде меѓу шеснаесетте клуба во фудбалскиот куп на Австралија после победата над ФК Канбера со 4 : 1.
Во разговорот за СБС Радио програма на Макеоднски јазик Љупчо Урдаров од управата на клубот рече:
" Ова е голем успех за клубот. Играчите дадоа се од себе и победија. Упатувам и голема благодарност до домакините за добрата организација и гостопримството. Сега со нетрпение го очекуваме името на следниот противник во Куп натпреварите ".
Натпреварот не започна добро за Магичните бидејќи по 12 минути игра Канбера имаше водство од 1 : 0. Но потоа со головите на Бредбери 1, Маџуровски 2 и Фајкович 1, Бродмедоу меџик направи целосен пресврт и на крајот забележа убедлива победа од 4 : 1.

Од упрвата на клубот упатија и голема благодарност до навивачите кои допатуваа во Канбера од Њукасл но и до Македонската заедница во Канбера и ФК Квинбијан кои им беа од голема помош бодрејки ги од трибините да стигнат до овој голем успех.



