Македонската геодетска компанија "Гео Балкан" од Битола, ги повикува сопствениците на земја или нивните наследници, кои имаат имоти во атарите на битолските села Логоварди и Оптичари, да ја контактираат оваа компанија најдоцна до 25 јануари 2019, заради остварување на своето законско право да се информираат и изјаснат по однос на окрупнувањето на нивните имоти во двете наведените консолидациони подрачја. "Консолидацијата на земјиштето како процес е дизајниран да ги заштити правата на сопственост и да гарантира праведна прераспределба на земјишните парцели, притоа осигурувајќи дека сопствениците на земјиштето ќе добијат барем онолку колку што имаа пред почетокот на консолидацијата на земјиштето. Целиот процес на планирање се врши во блиски консултации со нив, имајќи го предвид квалитетот и квантитетот на земјиштето на секој сопственик кој е опфатен со конкретната консолидација"- вели Мима Герас Дочовска, од "Гео Балкан". За "СБС на македонски" таа да зборува за деталите на оваа иницијатива, која претставува проект на партнерите ФАО при Обединетите Нации ( Food & Agriculture Organization) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. Македонија, а е финансирана од Европската унија.
Повеќе информации за проектот, ќе најдете на следниот видео-клип: