Повик до македонската заедница да ги почитува новите правила при прослава на православниот Велигден

lidija Sestakova, NSW Health Program Coordinator Source: Supplied
"Ќе бидеме пред предизвик некако посмирено, само со потесното семејство да го прославиме празникот, меѓутоа, ќе мора да биде така.Предизвикот да се поканат сестри, браќа,внуци,ќерки, синови да седнат заедно на маса и да го прослават овој прекрасен празник што го имаме, за жал, оваа година, не ќе може така да се слави", вели во разговор за СБС на македонски Лидија Шестакова, долгогодишен службеник во Јавното здравство на НЈВ која работи на едукативни здравствени програми за различни заедници во државата, вклучителни и македонската. Г-ѓа Шестакова апелира до сите, да разберат дека ова е вонредна ситуација и дека доколку работат заедно, може да се надмине таа "ноќна мора" многу побрзо, отколку ако се прекршуваат правилата.
Share