Стогодишникот Тодор Јовановски - cакам да го видам Мелбурн од хеликоптер

Melbourne's newest centenarian, Todor Jovanovski Source: SBS
Тодор Јовановски вели дека се чувствува релативно добро, вежба секој ден, редовно излегува на прошетки, вози автомобил, работи дома и низ дворот, копа, корнe тревки и сади домати и краставици. Самиот води сметка за лекарствата и ги плаќа 'биловите' во банка. Се чини тоа се меѓу најосновните одговорности за поголемиот дел од нас. Меѓутоа, ретко кој би можел да ги наброи споменативе активности како функционирачки дел од нивниот живот на своја 100 годишна возраст. Добро познатиот пензионер од Мелбурн, на 20-ти јануари се вброи меѓу реткиот број Австралијани кои можат да се пофалат дека стекнале сто годишно животно искуство. Роден во 1920 година во селото Средно Егри, Тодор Јовановски вели имал интересен живот и до својата 49 годишна возраст го поминал во родната Македонија, а потоа се отселил во Австралија. Тодор бил војник во три различни војски, надживеал две сопруги и има седум деца. Така, со роденденската желба да го види Мелбурн од хеликоптер, Тодор Јовановски и неговата 13 годишна правнука Шаана родена на истиот ден, ја одбележаа неговата стогодишнина.
Share